| четврток, 6 декември 2018 |

Учениците што ја објавија секс-снимката ќе одговараат за убиство на директорот

Словенија е во шок поради секс-скандалот во средното машинско училиште кој ја потресе јавноста, а се претвори во истрага за убиство на посрамениот директорот кој, не можејќи да го издржи срамот, се самоуби, а против сите ученици почна истрага.

Сѐ почна пред околу десет дена кога на интернет беше објавена видеоснимка од двајца возрасни во тек на сексуален однос кунилингус. Сепак, срамот пукна поради текстот кој ја придружува снимката, во кој пишува дека актерите се, ниту повеќе ниту помалку, туку директорот на Мариборското средно техничко училиште, Драго Каменик, и професорката по математика во училиштето Помали Мертел.

Случката наводно е снимена со мобилен телефон од учениците кои потоа ја поставиле на интернет и ја видоа сите: колеги наставници, родители, ученици, студенти, но, исто така, и семејствата на снимените.

Кога изби скандалот во јавноста, директорот и професорката по математика се бранеа дека снимката е монтирана и дека не се тие на неа. Дури и поднесоа кривични пријави за непознат човек.

Професорката Мертел земала боледување штом видеото беше објавено и од тогаш не се појавила на училиште. Директорот Каменик се мачеше и се обидуваше да докаже дека тој и неговата колешка се невини. И покрај фактот дека имал семејство, жена и две деца, тој се одлучил за најлошото – да си го одземе животот .

За цело време на дебатирање во јавноста, се искристализираа два става. Првиот е дека објавувањето нешто на интернет, без дозвола на учесниците, е неприфатливо и претставува сериозно и казниво нарушување на приватноста. Вториот, исто така, е легитимен: како двајца високи функционери во која било компанија, училиште, а директорот и професорката биле тоа, смееле да се сексаат во училиште, на јавно место, каде што се очекува да бидат пример на студенти, но и морален пример?

Поддржувачите на втората теза тврдат дека директорот и професорката поради секс на јавно место го губат правото на приватност на направените снимки.

Инаку, пред неколку години во еден словенечко основно училиште беа дистрибуирани слики на наставничка која и самата ги ставила на интернет, и на кои е во сексуален однос со партнерот. Сепак, Училишниот одбор заклучи дека кредибилитетот на наставничката не е загрозен бидејќи се работи за нејзин приватен живот.

Сите се во исчекување на резултатите на истрагата за убиството на човекот кој неовластено е сниман и снимката е поставена на интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top