| четврток, 6 декември 2018 |

Информација за бомба во авион на „Американ ерлајнс“, евакуирани патници

Полицијата на Њујорк на аеродромот „Кенеди“ синоќа ги евакуира патниците од „Американ ерлајнс“, кој сообраќаше од Барселона, поради информација дека има поставно бомба во авионот, пренесуваат американските медиуми.

Според „АБЦ“, авионот слетал безбедно на изолирана писта и сите 200 патници се безбедни, а полицијата и единиците со кучиња го пребарале авионот, меѓутоа бомба не е пронајдена.

Надлежните служби сега истражуваат од каде е упатен повикот со предупредување за бомбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top