Станот на Виталиј Кличко во Киев се наоѓа во шесткатна зграда во самиот центар на Киев. Зградата е изградена во 1901 година. Станот на Кличко е на три нивоа. Има 3 спални, четири бањи и тоалети. Првиот кат е во декоративна резба и корнизи и потсетува на царските времиња. Вкупната површина е 225 квадратни метри, од кои поголемиот дел го заземаат две огромни дневни соби. Едната од нив е приспособена за библиотека. Кличко живее во овој дом од 1999 година, кога ја освои титулата на Светската боксерска организација.
Зградата била многу стара и тој направил реновирање вредно еден милион долари.
Едната дневна соба е библиотека. И двајцата браќа Кличко се доктори на спортски науки на Универзитетот во Киев и многу држат до образованието.
Виталиј Кличко и неговата сопруга во кујната:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.