
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ откажа 1.350 лета поради штрајкот на пилотите откако преговорите меѓу нив и раководството на компанијата за условите за пензионирање не вродија со плод.
Откажувањето на летовите ќе погоди повеќе од 150 илјади патници, сопшти „Луфтханза“.
Штрајкот на пилотите е деветти од април. Со штрајкот се погодени кусите и средните летови од 12 часот по локално време до 23 часот. Подолгите летови на „Луфтханза“, како и карголетовите ќе бидат засегнати утре.
Најголемиот европски авиопревозник побара нови разговори со претставници на синдикатите.
Компанијата сака да го применува досегашниот модел на заминување во пензија, на што пилотите се противат. Во моментов тие можат да се пензионираат на 55 години и да добиваат 60 отсто од платата се до регуларната возраст за пензионирање, односно 65 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ќе објави трет повик за нускобуџетните авиокомпании, но со олеснети критериуми
-
Откажани летовите од Германија за Македонија, голем штрајк во Германија
-
Кога си роден под среќна ѕвезда: Може да летам со ваучер стар 19 години? Може, нема проблем
-
Поради снежното невреме откажани се голем број летови низ Европа


