Победничкиот настап на Јелена Гавриловиќ ги донесе првите солзи вчеравечер. Водителката Марија емотивно го следеше секој чекор на Јелена како Пинк и не можеше да ги задржи солзите кога нејзините акробации завршија.
Нејзиниот настап може да го погледнете тука.
Настапот на Елена Ристеска, пак, ја расплака токму Јелена, го подзина Бане, а најмногу солзи предизвика кај Тања Савиќ.
Дали нејзината имитација на Есма или, пак, текстот на „Зајди, зајди“ направи Савиќ да заборави на шминката и да си се изнаплаче. Настапот погледнете го овде.
Солзи кај учителката по пеење и дел од жирито, Марија Михајловиќ, предизвикаа букетот и пораката за поддршка која Неда Украден ја доби од својата ќерка и од зетот.
Сѐ на сѐ, емотивна вечер во студиото на српската телевизија „Прва“.
Следната емисија Елена ќе има тешка задача да го долови ликот на Оливер Драгојевиќ, а Неда Украден ќе се најде во улога на Калиопи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.