| четврток, 6 декември 2018 |

На земјите во развој им треба нов модел на раст

rast

Глобалната расправа за растот на земјите во развој неодамна доживеа нагол пресврт. Возбудувањето кое последните неколку години владееше околу брзиот напредок на развиените стопанства денес исчезна.

Малкумина се сериозните аналитичари кои сѐ уште веруваат дека спектакуларното изедначување на азиските стопанства, како и нешто помалку спектакуларниот развој во Јужна Америка и Африка, ќе можат да се одржат во идните неколку децении. Ниската каматна стапка, високите трошоци за стоката, брзата глобализација и стабилноста во периодот по Студената војна кои го следеа ова исклучително време, веројатно нема да опстане.

Штотуку сфативме уште нешто: на земјите во развој им треба нов модел на раст. Не е проблемот само во тоа што мора да се одвикнат од зависноста од неизвесниот доток на капитал и процут на пазарот на стоката, поради што често беа изложени на ударите на кризата. Што е уште поважно, извозната индустријализација, историски гледано како најсигурен пат кон богатството, можеби дојде до својот крај. Уште од времето на индустриската револуција индустриското производство беше клуч за брз стопански развој. Државите кои во тоа ја стигнаа Велика Британија, а на крај и ја престигнаа, како Германија, САД и Јапонија, тоа го постигнаа со развојот на производната индустрија.

Глобални набавни синџири

По Втората светска војна настапија два брана на брза стопанска конвергенција: во земјите на ивиците на Европа во текот на 50-тите и 60-тите години и во источна Азија по 60-тите години. Двата брана беа темелени на индустриското производство. Кина, која добро се покажа како архетип на оваа стратегија расте од 70-тите до денес, користеше добро испробан пат. Меѓутоа, индустриското производство денес не е она што беше некогаш. Стана капитално поинтензивно, насочено на вештини, со неможност да опфати прилив на значајна работна сила од селата.

Иако глобалните набавни ланци го олеснија пристапот на производството, ја намалија добивката во поглед на ДДВ кој се создава на домашниот пазар. Многу традиционални индустриски гранки, како што се текстилната и челичната индустрија, веројатно ќе доживеат пад на глобалниот пазар и преголем капацитет поради промена во побарувачката и еколошките прашања. Недостаток на кинескиот успех е тоа што на многу други држави им е многу потешко во производството да воспостават нешто пообемно. Поради тоа, земјите во развој почнуваат со деиндустријализација и се повеќе зависат од услугите на значително пониските нивоа на доход за разлика од развиените земји; тој феномен го нарекувам преуранета деиндустријализација. Дали можат услужните индустрии да ја преземат некогашната улога на производството? Услугите веќе прават голем дел од БДП во земјите во развој, дури и во државите со ниска стапка на доход каде земјоделството беше многу важно. Младите работници кои ги напуштаат земјоделските земјишта и одат во градовите се повеќе ги преземаат урбаните работни места во услужниот сектор, а не во производството.

Преместување на работната сила

Покрај тоа, меѓународната трговија на услугите до сега се ширеше побрзо од трговијата со стока. Меѓу оптимистите се Ејаз Гхани и Стивен Д. О Конел од Светска банка, кои во својот неодамна објавен раст тврдат дека услужните индустрии можат да бидат ексалатор на растот и така да ја преземат улогата која обично ја имаше производството. Посебно покажаа дека меѓу услугите од неодамна се забележува наводна безусловна конвергенција во производството. Тоа значи дека државите кои се најдалеку од глобалната граница на работното производство забележале најбрз раст на продуктивноста на услугите. Тоа би биле многу добри вести, но постојат причини за внимателност. Доказите во работата на Гхани и О Конел опфаќаат податоци кои се движат од раните 90-ти години, кога земјите во развој доживуваа стопанска конвергенција поттикнати со прелевање на капиталот и неочекувани добивки на пазарите на стоката.

Не е јасно дали опфаќаат и други периоди. Во два аспекта услугите се различни од производството. Првиот е тој што во некои сегменти услугите можат да се тргуваат и стануваат се поважни во глобалната трговија, а обично се работи за сектори со исклучително нагласени вештини кои вработуваат сразмерно малку обични работници. Банкарскиот сектор, финансиите, осигурувањата и други деловни услуги, вклучувајќи ја информатиката и комуникациската технологија, се исклучително продуктивни активности во кои платите се високи. Можат да послужат како ексалатори на растот во стопанства во кои работната сила е оспособена на соодветен начин.

Меѓутоа, стопанствата во развој обично располагаат со работна сила која има ниско развиени вештини. Во такви стопанства услугите со кои се тргува не можат да покријат поголем процент на достапната работна сила. Токму затоа наспроти силниот успех на секторот за информатика и комуникациската технологија во Индија не е главен покренувач на стопанскиот раст. За разлика од него, традиционалното производство може да понуди голем број на работни места за работници кои ги напуштаат земјоделските имоти и тоа по производни нивоа кои се до три четири пати повисоки од земјоделието. Во денешните земји во развој вишокот на работна сила се преместува во услуги со кои не се тргува и тоа со многу ниско ниво на продуктивност, како што се малопродажбата и домашни дејности. Генерално, многу од тие дејности можат да имаат корист од подобрувањето на технологијата, организацијата и поконкретни формализации. Но, еве и друга разлика меѓу услугите и производството.

Извозни успеси

Делумно добрата добивка од производството во дејности со кои не се тргува на крајот сама по себе се ограничува бидејќи дејностите на индивидуалните услуги не можат да се шират, а да не ги свртат против себе условите на продажбата – да не ја намалат цената и профитабилноста. Во производството малите земји во развој можат да се развиваат врз основ на неколку извозни успеси и постапна диференцијација – денес маички, па потоа делови за телевизори и микробранови печки и така натаму, во ланецот на вештините и вредностите.

За разлика од тоа во услугите, каде големината на пазарот е ограничена со домашната побарувачка, понатамошниот успех зависи од комплементарните и истовремените зголемувања на производството во останатите стопанства. Насочувањето на неколку сектори не донесува брза корист. Поради тоа, растот мора да се потпира на многу побавно собирање на стопанските можности во облик на човечки капитал и институции. Затоа и понатаму сум скептичен дека услужниот модел може да доведе до брз раст и добри работни места така како што тоа некогаш го можеше производството. Дури и ако технолошките оптимисти се во право, тешко е да се види како тоа на земјите во развој ќе им овозможи да го одржат тој вид на раст каков што го искусија во изминатите неколку децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top