Кошаркарите на Работнички синоќа во рамките на дербито на 8.коло од Првата лига го совладаа Куманово, а Струмица направи изненадување со победата над Кожув пред своите навивачи.
Во салата „Градски парк“ Работнички со 69:60 го победи Куманово, а гостите на полувремето имаа предност од три поени (30:27). Најдобар играч на натпреварот беше Ѓорѓи Чековски со 23 поени и 9 скокови.
Изненадувањето во досегашниот дел од шампионатот го направи Струмица со победата над Кожув со 66:60. Најефикасен на дуелот беше домашниот кошаркар Тимчо Соколов со 29 поени и 13 скокови.
Денеска се игра натпреварот Водњански лисици и Фени Индустри, додека слободна е екипата на Гоце Делчев.
Табела:
Куманово 12 бода,
МЗТ Скопје Аеродром 10,
Работнички 10,
Фени Индустри 10,
Карпош Соколи 10,
Струмица 10,
Кожув 9,
Гоце Делчев 8,
Водњански Лисици 7.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.