Руската морнарица изврши успешно тестирање на новата интерконтинентална ракета.
-Подморницата изврши тестно лансирање од потопена положба. Сите параметри на летот на ‘булава’ функционираа нормално – изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Тој додаде дека боевата глава, која ја носи ракетата, успешно ја погодила копнената цел на полуостровот Камчатка.
Ова треба да биде последниот тест на „булава“ годинава, како што претходно најави официјална Москва. Досега беа извршени неколку пробни испукувања, а некои од нив беа и неуспешни.
Проектилот „булава“ би требало да биде клучниот адут на рускиот нуклеарен арсенал во текот на следните десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.