| четврток, 6 декември 2018 |

Викичиз – прва енциклопедија за сирење

Во Франција е започната онлајн кампања за собирање средства за фотографирање и документирање на стотина видови сирење, односно создавање на првата интернет енциклопедија за сирење „Викичиз“.

Според весникот „Мондо“ проектот има за цел да собере 5.000 евра за попис и фотографирање на 200 до 365 видови француско сирење, што е еден од симболите на познатат галска кујна.

Идејата за содавање на „Викичиз“ според иницијаторот на проектот доаѓа откако се покажало дека на Википедија речиси и да нема податоци за регионалните, помалку познати видови сирење.

– Размислуваме за тоа речиси цели три години, изјави Пјер Ив Боден, фотограф аматер и љубител на сирење, кој стои зад акцијата.

Според него на Википедија речиси и да нема кулинарски фотографии или тие се со лош квалитет. Поради тоа сака да создаде база на фотографии на повеќе видови сирење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top