Поминаа 5 години откако Стејт Департментот ја депортира преубавата црвенокоса, русинката Ана Чепмен поради тоа што била откриена дека се занимава со шпионажа. Иако годините поминуваат, фасцинираноста на Запад и тамошните медиуми по Ана не бледее, додека во Русија за неа се знае мошне малку. И покрај тоа што во САД за Ана се крена голема фама.

-С екоја недела налетувам на Ана. Се среќаваме во козметички салон во Москва. Очекував дека луѓето ќе ја застануваат на улица, како поради нејзината репутација, така и поради нејзиниот физички изглед. Меѓутоа, се излажав. Зачудувачки е колку малку луѓе во Москва знаат која е таа – пишува новинарката Ана Немкова.
Од друга страна пак, Западот и по пет години е фасциниран од убавата Русинка. Се пишува за нејзиното минато, но и за нејзината сегашност.

Сепак, Ана одлучила да се откаже од „оружјето и шпионажата“ и се посветила на водителската кариера. Ја уредува и води емисијата „Светските тајни со Ана Чепмен“, која ја гледаат само 0,9 отсто Руси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


