| четврток, 6 декември 2018 |

Судот пресуди: Мубарак не е вмешан во убиството на стотина демонстранти

Египетскиот суд денеска ги повлече обвиненијата против поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак во повтореното судење, при што тој беше обвинет за убиство на демонстранти за време на немирите во 2011.

Судот пресуди и дека Мубарак не е виновен по обвиненијата за корупција при набавувањето природен гас од Израел. Мубарак беше обвинет дека со седуммина поранешни командири е вмешан во убиството на стотина демонстранти за време на протестите во 2011 година кои доведоа до крајот на неговото тридецениско владеење.

Жалбениот совет првобитната доживотна казна ја поништи во 2012 година поради техничкипричини. Новата пресуда требаше да биде изречена на 27 септември, но главниот судија Махмуд Камел ал Рашиди ја одложи, затоа што не завршил со пишувањето на
образложението.

По ослободителната пресуда, неименуван судски функционер наведе дека Мубарак сепак нема да може да излезе од затвор бидејќи се наоѓа на отслужување тригодишна затворска казна, во одвоен случај на корупција.

И поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал Адли и шестмината негови помошници се ослободени од судот, кои беа обвинети за убиство на демонстранти во 2011 година.

Мубарак, од воената болница во судот беше пренесен со хеликоптер, а полицијата го зајакна своето присуство, така што во Каиро се распоредени 5.000 полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top