Федерацијата на фармерите на Македонија предлага мерки со кои треба да им се помогне на оштетените фармери. Еве што содржат предлозите на ФФРМ:
– Фармерите што имаат земено државно земјоделско земјиште под закуп да бидат ослободени од плаќање на трошокот за закуп, со што ќе се овозможи да им се намалат трошоците за производство во оваа година.
– На површините зафатени од поплавите да се направат педолошки и агрохемиски анализи за да се види составот на почвата, како и да им се дадат соодветни совети на земјоделците за понатамошни активности кои треба да ги преземат за зачувување на квалитетот на почвата, односно почвата да биде во добра производна кондиција.
– Фармерите да бидат ослободени од плаќање трошоци на водните заедници во оваа година.
– Давање ваучери на фармерите за репроматеријали, во зависност од големината на површината и културата (препарати, ѓубрива, гориво за земјоделска механизација, расаден материјал и друго).
Чистење на речните корита и канали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


