| четврток, 6 декември 2018 |

Ноември го завршуваме со температура над 10 степени целзиусови

ladno_esen_1

Без некое особено студенило го поминавме овој ноември, а ќе го завршиме со мало затоплување. Според Метеопро, во сабота се очекува претежно облачно време, особено низ котлините. Сончеви периоди ќе има во текот на денот, но повеќе во југозападниот крај и на некои повисоки места. Ќе дува слаб југоисточен ветер кој ќе донесе нешто потопол воздух.

Наутро ќе биде релативно топло. Минималната температура низ котлините ќе има вредност од 4°С до 8°С, а на повисоките места околу 2°С.
Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С во поголем дел од котлините во северниот крај, додека во јужната половина од земјава ќе биде малку потопло со максимална околу 14°С.

Во недела ќе биде пооблачно за разлика од сабота. Во текот на денот ќе има услови за слаб и повремен дожд. Ветерот повторно ќе биде слаб, и генерално од југоисток.
Утрото за разлика од саботното ќе биде потопло за околу 1°С.

Дневниот температурен максимум ќе биде малку понизок во однос на сабота и ќе има вредност околу 10°С во поголем дел од котлините во северниот крај, додека во јужната половина од земјава ќе биде малку потопло со максимална околу 12°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top