Не постои превенција од рак на дојка, превенција е рано откривање и дијагностицирање на ракот на дојка, изјави д-р Нино Васев од Клиниката за радиотерапија и онкологија, чија Клиника се вклучува во 100 отстотната поддршка во битката со ракот на дојка.
– Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија е вклучена во најмодерното лекување на ракот на дојка со основа во медицината базирана на докази применувајќи ги најмодерните методи на зрачњењ, хемотерпија и хормонотерпаија како и терапија со биолошки антитела за селектирани случаи. Во основа е индивидуалниот пристап кој се базира на претходно добиените информации од хирургот и патологот кој и ги прави основите на имунохистохемиски испитувања. Од лечењето во Македонија никој не е исклучен. Се лекува апсолутно секој кој има потреба за лекување – додава д-р Васев.
Иако октомври е месец на борба против рак на дојката, експерите сметаат дека преку цела година треба да се говори за оваа болест со цел да се подгине свеста кај жените и редовно да се оди на прегледи.
-Борбата против ракот на дојката мора да се води милтидисциплинарно и со индивидуален пристап кон секој од пациентите. Со овој тим секој пациент ќе биде сигурен дека од нас добива 100 отсто поддршка во битката со ракот. Мултидисциплинарниот пристап ги обединува специјалистите и супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентот да може да го продолжи животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани. Овој тим покажува дека неопходна е соработка, дека кај нас пациентот е на прво место и тоа не е само флоскула, туку и реалност. Како доктори и специјалисти сепак стоиме на ставот дека најдобри резултати во третманот на ракот на дојката се постигнуваат со раното откривање и навремената интервенција – изјави проф. д-р Андреја Арсовски, торакален хирург, стручен директор на Ре-Медика.
Едно седумнаесет годишно девојче е најмалдиот пациент со рак на дојка во Македонија.
– Колку што јас сум запознаен, најмладиот пациент во Македонија со оваа болест имал 17 години. Лично, мојот најмлад пациент имаше 19 години – додава д-р Арсовски.
Според д-р Милан Ристовски, директор Клиниката за радиотерапија и онкологија, најголем ризик се годините и фактот дека е жена.
– Секоја жена може да биде пациент. Затоа е многу важно рано откривање и правилна дијагноза – вели д-р Ристовски.
Според него, многу е важна и храната која се конзумира, од каде потекнува, на кое тло е одгледувана, со какви хемикалии е прскана.
– Ефектот на пестицидите е еднаков на ефектот на цитостатиците – смета д-р Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.