Популарната хрватска пејачка Северина, го прекина концертот во загребската сала „Ватрослав Лисински“, бидејќи го слушна нејзиниот син како ја довикува.
Малиот Александар во публиката го чуваше хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и претседателката Миа Поповиќ.
Во еден момент кога сакала Севе да и се обрати на публиката, од неа се слушнал глас: Мама!, а после тоа пејачката го прекинала концертот на неколку секунди и му се обратила на своето дете.
– Мама брзо ќе дојде сине – му рекла таа, а публиката на овој нејзин гест реагирала со аплауз и смеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.