Истражниот комитет на Русија отвори кривична постапка во врска со случаите на убиство на цивили и гранатирање во регионот на Донбас, во источниот дел на Украина, како и за нападот на руска новинарка во Киев, објави денска портпаролот на комитетот Владимир Маркин.
Постапката е поведена врз основа на одредбите од законот што се однесува на случаи на убиство на две или повеќе лица и користење забранети воени средства и методи.
Во артилериски напад на болница и две станбени згради во Доњецк убиени се една жена и десетгодишно дете, изјави Маркин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


