Најпознатиот фудбалер на сите времиња, Бразилецот Пеле поради влошено здравје е префрлен на одделението за интензивна нега во болницата во Сао Паоло.
Пеле (74) е хоспитализиран поради инфекција на системот за мокрење. Тој ќе остане во болница под надзор на лекари. Пред две недели на Пеле му беше опериран камен во бубрегот, а потоа беше пуштен на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.