| четврток, 6 декември 2018 |

Студентите ќе даваат предлози за државниот испит

студенти индекси

Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија изминативе неколку денови ги појасни поголем број од деталите околу јавно изнесената идеја за имплементација на државниот испит.

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски истакна дека МОН по добивање на “зелено светло“ од Владата, ќе го достави првиот предлог-нацрт текст на овие закони.

-Истите тие закони ќе бидат понудени на една комплексна јавна расправа во која ќе бидат вклучени сите заинтересирани субјекти- студенти, универзитети и други кои ќе пријават интерес. Конечно, финалното решение и финалниот текст на законот ќе биде подготвен по завршување на таа јавна расправа, рече Ристовски.

Тој уверува дека сето она што ќе биде сугерирано во насока на подобрување на квалитетот на едно такво решение ќе биде прифатено и имплементирано во финалниот текст на законот.

Ристовски додаде дека во ниту еден момент нема да утврдат  текст на закон кој нема да биде на јавна расправа, а истиот ни најмалку нема да задира во автономијата на Универзитетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top