| четврток, 6 декември 2018 |

Инспектор во МВР фатен со поткуп од 36.000 денари

policija-2

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Сектор за корупција до Обвинителството во Битола денеска ќе поднесе кривична пријава против лицето Н.Ц.(51) од Битола, за сторено кривично дело примање поткуп.

Станува збор за вработен во МВР, како Самостоен инспектор во Отсек за економски криминалитет.

Пријавениот во својство на службено лице, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, почнувајќи од 17 овој месец, повеќе пати барал, а вчера и примил парична награда-поткуп од оштетен граѓанин во износ од 36.000 денари.

Во рамките на своите службени овластувања, пријавениот постапувал по предмет барање од Основното јавно обвинителство Битола и по истиот не презел дејствија кои бил должен да ги преземе, односно истиот не изготвил соодветен службен материјал во којшто ќе бидат содржани вистинските факти и докази барани од ОЈО Битола. Пријавениот ветил дека за посочениот паричен надомест ќе изготви службен материјал кој ќе нема правни последици за оштетениот со што го сторил кривичното дело примање поткуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top