| четврток, 6 декември 2018 |

Српски „Тоза Марковиќ“ отпушти 120 вработени

Toza Markovi' kikindaОколу 120 вработени во фабриката „Тоза Марковиќ“ неделава добија отказ, пишува новосадски „Дневник“.

– Со одењето на оваа фабрика во стечај, сите 600 вработени потпишаа договор за работа, во кој стои дека вработениот е работно ангажиран додека за неговата работа постои потреба – пренесе „Дневник“ изјава на Зоран Средојев, претседател на Независниот синдикат на фабриката „Тоза Марковиќ“, која е во стечај.

Секоја година ова време, од кога фабриката е приватизирана, се гаси печката за производство на керамиди. Тогаш престанува потребата за одреден број работници,а печката кон крајот на февруари нема да почне повторно со работа.

Оваа година, со оглед на тоа дека фабриката е во стечај, сите тие работници ќе бидат пријавени во Филијалата на Националната служба за вработување и ќе добиваат одреден паричен надомест во зависност од годините на стажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top