| четврток, 6 декември 2018 |

Како се поздравуваат луѓето низ светот (фото)

Доколку се најдете во некои од овие странски држави, сигурно ќе се најдете во непријатна ситуација доколку треба да се поздравите со некого, посебно ако со погрешно поздравување бидете сфатени дека сте ги навредиле. Ова се некои од наспецифичните поздрави во светот.

Исфрлен јазик (Тибет)

tibet

Тибетанската традиција го налага овој поздрав, за да им докажете дека не сте реинкарнација на злото, таканаречен „крал на црниот јазик“.

Трикратно ракување (Боцвана)

bocvana

Боцвана вообичаеното традиционално ракување го подигнала на повисоко ниво. Почнува со стандардно ракување, а  потоа рацете ги помрднуваат горе-доле при што ги подигунуваат палците. Последното, односно третото ракување, вклучува уште еден идентичен чекор, со тоа што палците тогаш ги спуштаат.

Лесно ракување (Кина)

kina

Што се однесува на Кинезите, што полесно и нежно е ракувањето, тоа е подобро. Исто така не се препорачува директен контакт со очите со личноста со која се поздравувате.

Хада (Монголија)

mongolija

Монголите ги поздравуваат гостите така што им поклонуваат свилена или памучна лента, која ја нарекуваат хада.

Плукнување (Масаи)

masai

Припадниците на племето Масаи меѓусебно се поздравуваат така што се плукаат. И не е некоја популација со која што би сакале да се запознавате, нели?

Соги (Полинезија)

polinezija

Жителите на полинезискиот остров Тувала се поздравуваат така што ги допираат носевите и истовремено вдишуваат.

Поклонување (Јапонија)

japan

Најверојатно на сите ни е познат овој поздрав. Јапонците одаваат почит едни на други со благо поклонување. Ракување или каков било физички контакт се непотребни.

Хонги (Нов Зеланд)

nov zeland

Маорите традиционално се поздравуваат така што двајца луѓе ги допираат носевите и заедно го вдишуваат „воздухот на животот“.

Притискање палци (Замбија)

zambija

Наместо ракување, во Замбија се поздравуваат така што еден на други си ги притискаат палците.

Тапкање (Зимбабве)

zimbabve

Народот во Зимбабве се поздравува со тапкање. Мажите ги исправаат дланките, додека жените ги собираат дланките.

Бакнежи со нос (Оман)

oman

Мажите во Оман се поздравуваат меѓусебно така што си ги допираат носевите по неколку пати.

Ваи (Тајланд)

tajland

Во Тајланд се поздравуваат така со ги собираат рацете во молитвена положба и благо се поклонуваат кон личноста која ја поздравуваат. Тие овој поздрав го нарекуваат „ваи“. Што е повисока позицијата на рацете, толку поголемо почитување искажуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top