На Клиниката за уво, нос и грло сѐ уште не можат да се соземат од семејната драма која се случувала пред четири недели. Во тешка состојба со изгореници на хранопороводот примиле четиригодишно дете од Битола кое испило корозивно средство, објави порталот „Здравство24“.
Според информациите на zdravstvo24.mk, сѐ започнало кога од невнимание еден од родителите донел дома средство за миење садови и рерни и го претурил во шише од газирана вода. Детето било жедно, го зело шишето и почнало да пие. За неколку секунди настанал вистински хаос. Почнало силно да вреска, да повраќа, помодрува и се борело за воздух. Родителите во паника со сопствено возило веднаш тргнале кон болницата во Битола.
Да биде трагедијата поголема, на пат доживеале сообраќајна несреќа и во коматозна состојба биле примени во битолската болница. Мајката по еден ден се освестила и алармирала дека нејзиното дете има испиено корозивно средство.
Но, бидејќи слабо го разбирала македонскиот јазик (Mакедонка од Албанија, с. Пустец, мажена за битолчанец од битолско село), медицинскиот персонал не ја разбрал што кажува. Вистината ја дознале дури по неколку дена што е големо одложување и отежнување на состојбата на 4-годишното дете. Кај него веќе настанале компликации од корозивното дејство на средството и по неколку дена престанало да голта, а целата плунка му се цедела надвор од устата.
Според информациите на zdravstvo24.mk, итно било префрлено на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје, која е референтен центар во државава за третман на оваа патологија. Детето веднаш било примено и почнала борбата за неговиот живот. Тимот на доктори, експерти за ендоскопска хирургија заедно со анестезиолошкиот тим на клиниката започнале со одредување на дијагноза на детето.
По преземените потребни испитувања по соодветните протоколи, дијагностицирано е целосно стеснување на хранопроводот по целата негова должина.
Поради сериозноста на состојбата, биле во контакт и со колегите од Клиниката за детска хирургија. Бидејќи детето било во многу ризична состојба и по неколкуте ендоскопски интервенции, итно стапиле во контакт со најсофистицираните центри во светот. Детето заедно со родителите се префрлени во Турција каде што сѐ уште трае битката за неговиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст