Македонското девојче, како што многумина ја нарекуваат Елена Ристеска, ќе покаже уште еднаш дека е одлична пејачка, пишува српската телевизија „Прва“, која е организатор на музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“.
Во новата епизода од шоуто Елена има многу тешка задача. Со совршена маска, таа успеа и со глас и со стас да потсети на ромската легенда Есма Реџепова и со нејзиното пеење го остави жирито без зборови, а ги расплака другите натпреварувачи, пишува „Прва“ за впечатоците од снимањето на неделната епизода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.