Во рамки на работниот престој во Народна Република Кина, градоначалникот Никола Бакрачески, вчера ја посети најголемата кинеска и светска компанија за телекомуникациска опрема и ИТ технологии „Хуавеј“ каде оствари средба со менаџментот на истата предводен од заменикот претседател на компанијата Ватер Су.
Оваа мултинационална и телекомуникациска компанија по обртот на производство ја престигна и компанијата Ериксон во 2012година. “Хуавеј“ на почетокот од основање се фокусираше на изработка на опрема за телефони а потоа компанијата го прошири својот бизнис градејќи своја телекомуникациска мрежа , обезбедување оперативни и консалтинг услуги и опрема за фирми во и надвор од Кина. Фирмата произведува различни уреди за комуникација за широка потрошувачка а има на 140 000 вработени , од нив околу 46 % се ориентирани кон истражувачка дејност и развој.
При разгледувањето на компанијата, градоначалникот Бакрачески беше информиран дека фирмата “ Хуавеј“ има 21 институт за истражување и развој во Кина , Америка, Канада, Пакистан , Велика Британија, Франција, Германија, Колумбија, Шведска , Ирска, Индија, Русија и Турција. Во 2013 се инвестирани 5 милијарди американски долари за истражување и развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.