Полицијата во Њу Џерси деновиве објави фотографии од едно момче кое беше убиено и изедено од мечка. Фотографиите биле пронајдени во неговиот смрaтфон.
Група пријатели се шетала низ шума која е природен резерват на северот на Њу Џерси, кога во еден момент пред нив излегла огромна мечка.
Момчињата во страв започнале да бегаат, што според експертите дополнително ја загрозило нивната безбедност.
За жал, 22-годишниот студент по информатика Дарш Пател не успеал да побегне. Мечката го грабнала и го убила. Трагедијата се случила во септември, а полицијата сега ги објави фотографиите пронајдени во неговиот смарфон.
На фотографијата се гледа како мечка тешка околу 150 килограми се доближува до студентот. Американските медиуми јавија дека животното го распарчало момчето, по што изело делови од неговото тело.
Неговите пријатели во меѓувреме повикале полиција, која ја затекнала мечката до остатокот од телото на студентот. Полицајците испукале кушрим во воздух, но мечката не сакала да си замине, поради што биле принудени да ја убијат.
Експертите велат дека ова е прв ваков случај во овој резерват за измнатите 150 години и сметаат дека животното било иритирано од бегањето на момчињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст