Вчера околу 13,00 часот во дворот на средното техничко училиште во Гостивар најпрвин вербално, а потоа и физички се пресметале неколку ученици на различна возраст.
Двајца 18-годишници и еден на 15 годишна возраст се пресметале со нивен 17-годишен соученик.
Прво си размениле неколку удари, а потоа, 17-годишниот ученик со нож им нанесол расекотини на тројцата ученици.
овредените ученици се пренесени во Медицинскиот центар Гостивар каде им се констатирани телесни повреди и им е укажана лекарска помош.
Причина за меѓусебната пресметка била тоа што 17-годишниот ученик сакал физички да нападне нивна соученичка. По целосно докуемнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.