Спортот уште еднаш ја потврди својата глобална моќ и успешно ги решава и најголемите проблеми, а доказ за тоа е пристигнувањето на експедицијата на Партизан во Турција. Денеска во рамките на Еврокупот белграѓани ќе играат со Банвит во Истанбул, а мечот беше прогласен од висок ризик, по убиството на Марко Ивковиќ, навивач на Црвена Звезда пред дуелот во Евролигата со Галатасарај. Односите меѓу двете земји се влошија, па се стравуваше од нови инциденти пред дуелот меѓу Банвит и Партизан, но се случува спротивното.
Делегацијата на составот од Белград беше пречекана од претставници на Банвит, но и од претседателот на турската кошаркарска федерација.
„Не постојат проблеми меѓу нас. Очекувам турските навивачи да бидат коректни кон гостите“, изјави Ќелал Арисан, првиот човек на турската кошарка.
Во петокот во инцидент меѓу навивачите на Галатасарај и Црвена Звезда, смртно настрада 25-годишниот Марко Ивковиќ. Тој беше прободен со нож и почина во болница во Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Индицент во Белград, погоден фудбалер на Олимпијакос! (Видео)
-
Обезбедувањето на директорот спречило инцидент: „Делии“ за малку не ја линчувале управата на Партизан
-
Двојна круна за Партизан, Црвена звезда на колена и во финалето на Купот на Србија (видео)
-
Панорама од Белград: Како изгледа кога стадионите на Партизан и на Црвена Ѕвезда „горат“ во ист момент