Полицаецот Дарен Вилсон (28) кој ги предизвика насилствата во САД со убиството на невооружениот 18-годишен афроамериканец Мајкл Браун, во исказот пред големата порота од своја перспектива детално го раскажал настанот што се случил во август годинава. Невообичаената одлука да се објави исказот ја донел контроверзниот обвинител Роберт Меккулок, а освен исказот на полицаецот објавени се и фотографии направени по трагедијата на кои можат да се видат повреди кај полицаецот од борбата со момчето.
– Кога го зграпчив, се почувствував како петгодишно дете кое го држи за рака Хулк Хоган, рекол Вилсон алудирајќи на висината на тинејџерот од два метра и тежина од 130 килограми.
Сè почна кога, како што раскажува полицаецот, мирно му пријдов на Браун и на неговиот пријател Дориан Џонсон за да ги предупредам да одат по улицата туку по тротоарот.
Тие на тоа одговориле дека се блиску до куќата, но полицаецот не бил среќен со одговорот.
– Добро, но што не е во ред со тротоарот?, упорно прашувал полицаецот на што момчето наводно дрско одговорило.
– Е*и се, кажи што имаш да кажеш.
Потоа полицаецот решил да замине, но се вратил за да поразговара со нив. Тогаш Браун наводно ненадејно го удрил почнувајќи борба, при што се обидел да го извлече полицаецот од автомобилот.
Полицаецот потоа посегнал по пиштолот и му се заканил на момчето.
– Застани или ќе пукам!, рекол полицаецот.
– Ти си е*бано преголема п*чка за да ме застрелаш, му одговорил Браун.
Потсетувајќи се на моментот кога припукал, полицаецот Вилсон вели дека викал по момчето да легне на земја, но Браун само продолжил да бега сè додека во еден момент не застанал.
– Кога застана, се заврте и ме погледна. Промрморе нешто, а на лицето го имаше најагресивниот израз кој некогаш сум го видел кај човек. Тогаш во еден момент почна да трча по мене. На првиот чекор кој го направи ја стави десната рака под маицата. Му наредив да застане, но не ме послуша, тврди полицаецот.
Истрелав неколку куршуми и повторно му реков да застане, но тој продолжи да трча. Повторно пукав, а тој само трчаше. Кога ми се приближи на два-три метри еден од куршумите го погоди во глава и се струполи на земја, раскажува полицаецот.
За својата жртва, тој вели дека бил многу агресивна личност.
Обвинителот Меккулок објави дека полицаецот пукал 12 пати кон тинејџерот, два пати од автомобил и десет пати на улица.
Вкупно шест или седум куршуми го погодиле момчето, од кои неколку се гребаници, а по смртоносниот куршум в глава паднал на земја. Обвинителот пред неколку недели изјави дека се договорил со судот да ги објави доказите за случајот ако не биде покренато обвинение против полицаецот. Објавени се и фотографии на кои се гледаат повреди кои ги добил во борбата со момчето. Се гледаат и модрици на образот, вратот и усните, а направени се и фотографии од пиштолот и куршумите и од крвавите траги на улиците и возилото со кое управувал полицаецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.