| четврток, 6 декември 2018 |

Откријте што всушност значат познатите машки реченици

Женскиот и машкиот мозок не работат на иста фреквенција, па често меѓусебно воопшто не се разбираат иако го зборуваат истиот јазик. Дознајте што всушност мислат мажите кога ќе им ги упатат овие  реченици на жените.

decko i devojka

Кога мажот ќе каже „Тоа е машка работа“ , тоа во превод значи „не постои рационално објаснување за тоа и нема шанси да пронајдеш некаква логика“.

Ако мажот каже „Ќе ми треба многу време сега да ти објаснувам“, тој всушност мисли следново „Немам поим како тоа функционира“.

Кога мажот ќе ве прекине во обавувањето на домашните обврски и ви каже „Одмори се малку драга, премногу работиш“ всушност ви кажува „Не го слушам натпреварот од проклетата правосмукалка, сега ли баш мора да работиш?!“.

Доколку мажот ви одговори „Те слушнав“, тој помеѓу редови ви порачува „Жено, немам врска за што ти тоа зборуваш, но се надевам дека нема да сфатиш, затоа што не сакам следните три дена да го слушам твоето зборење едно те исто“.

Ако мажот ви каже „Интересно е тоа драга“, он всушност ви рекол „Господе каде се гасиш? Неможам да верувам дека уште зборуваш“.

Ако тој ви се пожали „Ама знаеш дека јас имам слабо помнење“, тоа во превод значи „Се сеќавам на мојата згодна класна од основно училиште, адресата на првата девојка и во која сум бил вљубен, на својот прв секс и на првото пијанство, помнам и за сите регистарски таблички од автомобилите кои сум ни имал, ама да, пак ја заборавив нашата годишнина“

Кога ќе ви каже „Добро, ајде јас можам тоа да го пронајдам“, всушност рекол „Не ми е на дофат на раце, затоа незнам каде воопшто би требало да барам, ама затоа ти драга знаеш се каде стои во куќава“.

Ако ви каже мажот за време на возењето „ Не грижи се љубов моја, не сме изгубени, знам точно каде сме сега“, тоа во превод значи „Е сега сме готови! Немам поим ни каде сме, ни како да не извадам оттука“.

Доколку мажот за време на разговорот кратко ви одговара „Ах драга, навистина?“ или па „секако љубов моја“ или „да душо“, е на тоа нема превод затоа што станува збор за потполно автоматизирани одговори.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top