МЗТ Скопје неочекувано загуби од Шолнок со 72-81, и ќе мора да ги добие последните два меча во Јадранската лига, против Партизан и Крка за да се надева на пласман на 6. позиција. Моментно македонскиот првак е на 8. место со биланс 12-12.
Клучен за неуспехот во Унгарија, против последнопласираната екипа во Лигата, беше слабата игра во првата четвртина, што МЗТ ја загуби со 9-22. Хрватот Бадер играше одлично и со 8 поени во првата четвртина ја растури одбраната на МЗТ. Скопјани ги консолидираа редовите, одиграа подобро во вториот период, но разликата од 13 поени остана по првиот дел (28-41). Со серија од 12-4, на почетокот на второто полувреме МЗТ намали на 5 разлика, а со тројката на Кејд Дејвис дојдовме и до 56-57. Сепак, сили за комплетен пресврт немаше кај гостите, па Геј и Флоренс со тројки зголемија на 71-61 за Шолнок, екипа што докрај го контролираше резултатот.
Најефикасни во таборот на македонскиот првак беа Гечевски, Д. Стојановски и Дејвис со по 15 поени, а Чековски даде 13. Кај домаќините блескаше Бадер со 24 поени. Флоренс додаде 15, доволно за осмата победа на Шолнок.
МЗТ Скопје во следното коло, на 16. март од 17, 30 часот, ќе му биде домаќин на Партизан. Во последниот 26 круг македонскиот шампион ќе и гостува на Крка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст