| четврток, 6 декември 2018 |

Mинистерство за одбрана: Осомничениот за убиството во Злетово е професионален војник на АРМ

arm vojska_1Mинистерството за одбрана и Генералштабот на АРМ потврдија дека осомничениот за тројното убиство во Злетово е професионален војник на АРМ.

МО и ГШ на АРМ го осудуваат чинот на тројното убиство, поради што им даваат целосна поддршка и асистенција на органите на МВР, со цел за што побрзо расветлување на причините и околностите, поради кои се случи трагичниот настан во Злетово.

Во соопштението од МО се магласува дека во согласност со Правилото за обезбедување објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување на должноста, кај професионалниот војник од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба.

Во досегашниот период, од претпоставените старешини и во системот на командување и контрола во АРМ, не е регистринано кршење на воената дисциплина, ниту непочитување на правилата и прописите од страна на осомничениот професионален војник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top