| четврток, 6 декември 2018 |

Косово пречка за Србија да ги почне преговорите со ЕУ

srbija_eu_zname-610x400Кога Србија ќе го отвори првото поглавје од преговорите со Европската унија зависи од целосната примена на бриселскиот договор, пишува српски „Блиц“ додавајќи дека ЕУ има вкупно осум барања од Белград кога станува збор за Косово.

1. Нацрт-статут на Заедниците на српските општини

2. Примена на договорот за телефонија – повикувачки број за Косово

3. Примена на постигнатиот договор за енергетика

4. Изградба на постојани премини меѓу Србија и Косово

5. Блокирање на илегалните премини „поради шверц“

6. Прифаќање на пасошите на Косово на границите на Србија

7. Учество на Приштина во сите облици на соработка во регионот

8. Регулирање на Паркот на мирот во северна Митровица

Брисел им порачал на властите во Белград дека европските партнерни не се задоволни од степенот на примена на договорот од Брисел. Иако овие услови повторно се повторени на српските власти, познати се од претходно.

Целосното исполнување на бриселскиот договор особено е важен за Германија. Властите во Берлин и владата на канцеларката Меркел  сметаат дека во преговорите меѓу ЕУ и Србија прво треба да се отвори поглавјето 35 кое се однесува на Косово. За отворање на тоа поглавје меѓутоа неопходно е да се применуваат досега постигнатите договори од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел.

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, вели дека иако Косово сѐ уште нема влада, постојат работи кои Белград може сам да ги направи.

– Вашата влада добро знае што треба и што може да се направи и можам само да апелирам тоа да се направи во зависност од нивото на примена, ние ќе продолжиме со процесот – изјавил Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top