| четврток, 6 декември 2018 |

Тага по несреќата во Србија: Каде е моето дете?

540632_ada-huja-hronika221114ras-foto-goran-srdanov--019_f

Тагата е огромна кај семејствата на трагично загинатите млади лица. Во домот на Антиќ постојано се слуша плачот на најблиските.

– Скршена е. Не знае за себе. Не може да прифати дека го загубила својот син. Сето ова е ужасно – раскажала за „Блиц“ сосетката на семејството Антиќ, при тоа додавајќи дека семејството поминува низ најтешките моменти во животот.

Другарчињата, пак, на трагично загинатите Анастасија, Немања и Милош вчера во групи ги посетиле семејствата сè со цел да им изразат сочуство. Никој од нив немал доволно сила за да зборува со екипата на „Блиц“.

-Беше најдобар другар – кажал во солзи еден од другарчињата на Немања.

Зар да умре толку млад?

Екипата на „Блиц“ не успеала да стапи во контакт со семејството на Милош Јанковиќ, кој за време на несреќата бил во багажникот на БМВ. Впрочем, кога таткото на Милош ги чул новинарите како влегуваат во зградата излетал од домот и во солзи извикал: „Ова е голема тага. Сите сме скршени и не знаеме за себе“.

Низ вратата се слушал плачот на мајката.

– Зар да умре толку млад – во солзи викала таа.

Пред елитната зграда во центарот на Белград, каде што живеел возачот Душан, т.е виновникот за големата трагедија владеела сосема поинаква атмосфера. Екипата на „Блиц“ била пречекана од момче, кое им кажало дека не можат да влезат внатре бидејќи родителите не сакаат да зборуваат со нив.

Соседите, пак, велеле дека Душан бил прекрасно момче, одлично воспитано.

-Го знам од дете, живееше овде со родителите и братот. Сите сме во шок – раскажале соседите, додека, пак, момчето што дежурало пред зградата изјавило дека нема да има изјави за медиумите сè додека семејството не се договори со адвокатот.

 

Каде е моето дете?

Пред станот на трагично загинатата Анастасија Стајиќ владеел молк. Мајката на Анастасија кога видела дека нејзината ќерка не се вратила дома почнала да се јавува кај семејствата на нејзините најдобри другарчиња.

-Каде е моето дете? – ги прашувала таа.

Не го знаев патот, одеднаш се најдовме во Дунав

Лука Вишњиќ (20), син на новинарката Оља Бечковиќ, успеал да излезе од автомобилот така што со рака го скршил стаклото. Ја скршил и раката. Јовановиќ, исто така, успеал да се спаси, како и Милица Јокиќ (18), која се наоѓала на совозачкото седиште. За жал, Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18), и Милош Јанковиќ (20), кој се наоѓал во багажникот, се удавиле во реката.

-Многу жалам за тоа што се случи и не знам како ќе живеам понатаму – изјави низ солзи Душан Јовановиќ (19) на расправата пред Вишото јавно обвинителство во Белград. Тоа е момчето кое го возеше БМВ со 5 други неговите пријатели, кое заврши во Дунав и се удавија три млади луѓе.

540636_poginuli_ff

Надлежниот суд нареди притвор од 30 дена поради потенцијалното влијание врз сведоците, можноста да се повтори кривичното дело, како и нарушување на јавниот ред и мир.

– Признавам дека сум виновен и сум подготвен да ги поднесам последиците од трагедијата што ја предизвикав – рече на сослушувањето Јовановиќ.

-Многу жалам, и не знам како ќе живеам и ќе ја носам на душа смртта на моите пријатели и тоа што возев без дозвола, пишува Вечерње новости делови од неговиот исказ пред истражниот судија.

– Бевме во клуб на Дорќол. Точно е дека сите ние пиевме алкохол, но не е дека сме биле мртви пијани. Не користиме дроги. Се сеќавам дека се напив три до четири ракии – изјавило момчето.

Јовановиќ раскажува дека со друштвото влегле во БМВ и тргнале преку Ада Хуја кон ресторанот „Царска охота“.

– Возев по Вишњичка улица, свртев на дунавскиот кеј и патото ми беше непознат. Не ни сопирав, одедаш се најдовме во Дунав и тогаш настана целиот хаос – изјавил Јовановиќ.

Лука Вишњиќ (20), син на новинарката Оља Бечковиќ успеал да излезе од автомобилот, така што со рака го скршил стаклото. Ја скршил и раката. Јовановиќ, исто така, успеал да се спаси, како и Милица Јокиќ (18), која се наоѓала на совозачкото седиште. За жал, Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18), и Милош Јанковиќ (20), кој се наоѓал во багажникот, се удавиле во реката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top