Кениската Влада соопшти дека се извршени две воена операции во Сомалија против Ал Шабаб, кои вчера убија 28 лица.
– Кениските сили извршија две операции во Сомалија против вчерашните напаѓачи. Во операциите се ликвидирани сто луѓе и уништени се четири возила, како и кампот на терористите, кои го планираа нападот, се наведува во соопштението на кениската Влада.
Припадниците на радикалната исламистичка група Ал Шабаб од Сомалија вчера киднапираа автобус и убија28 патници немуслимани во северниот дел на Кенија. Автобусот сообраќал кон главниот град на Кенија, Најроби. Инцидентот се случил на 50 километри од градот Мандера.
Портпаролот на Ал Шабаб изјави дека нападот е извршен поради одмазда за поголемиот број рации кои изминатите недели припадниците на кениските безбедносни сили ги извршија во џамиите во пристаништето Момбаса.
Екстремистите од Ал Шабаб од Сомалија се поврзани со Ал Каеда и се одговорни за низа бомбашки напади во Кенија од октомври 2011 година, кога Најроби испрати свои војници во Сомалија.
Според кениските власти од октомври 2011 година досега Ал Шабаб извршила 135 напади во Кенија, меѓу кои и нападот врз трговскиот центар Вестгејт, при што загинаа 67 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тркачката од Кенија се сруши на целта: Реагираше прва помош
-
Експлодира бомба на фудбалски натпревар, загинаа петмина
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода


