Македонија утре го презема преземањето на претседателството на Централно европската иницијатива од Австрија.
-Утре е настан кој ќе биде значаен и ќе бидат собрани премиери од многу држави. Ќе имам излагање каде ќе присуствува премиерот на Австрија, Чешка, Италија и држави од регионот. Ќе имам и контакти со нив и обраќање поврзано со економијата, реформите и други работи- посочи премиерот Никола Груевски при гостувањето во вестите на АлфаТв.
Како што истакна премиерот, тоа е добра шанса за промоција на Република Македонија.
-Македонија го презема претседавањето од Австрија на ЦЕИ. Одлична можност за промоција, контакти и остварување на нашите цели. Ќе имам исредба со претседателот на ЕБОР, една од поважните средби. Ќе го преземеме претседателството и ќе има настани во Македонија во наредниот период, потенцираше Груевски.
Груевски посочи дека ова е значаен настан кој треба да се искористи до максимум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


