Црвените од Ливерпул не е оној тим од минатата сезона кога до последното коло се бореа за титулата. Оваа година никако неможат да се снајдат на теренот и како почетници Стивен Жерард и другарите ги губат натпреварите.
Третиот пораз во низа во Премиер лигата им го нанесе Кристл Палас кој оваа година важи за еден од тимовите кои се најсериозни кандидати за испаѓање од лигата.
Денеска тимот од преградието на Лондон на својот стадион Селхурст Парк со целосен пресврт се радуваше на победата од 3-1.
Кога сите мислеа дека избраниците на Брендон Роџерс ќе одиграат квалитетен натпревар, тоа не се случи. Луверпул рано поведе уште во втората минута со голот на Рики Ламберт, но тоа беше се што направи во текот на сите 90 минути. Јаловата иницијатива не вроди со плод за уште некој погодок. Тоа го искристија растрчаните по теренот играчи на Кристл Палас и со три погодока им нанесоа срамен пораз на гостите.
Гејл го измрани резултатот на 1-1 во 17 минута. Во вториот дел Ледли во 78 минута погоди за водство од 2-1, а со фантастичен гол од слободен удар Миле Јелинак во 81 минута ја запечати судбината на црвените.
Со овој пораз Луверпул е на 12 место на табелата со 14 бода и само четири од зоната на испаѓање.
Goal Lambert ~~ Crystal Palace 0-1 Liverpool… by VideoRE
Goal Crystal Palace 1-1 Liverpool – Gayle – 23… by RandomPR
Goal Ledley – Crystal Palace 2-1 Liverpool – 23… by RandomPR
Goal Jedinak – Crystal Palace 3-1 Liverpool… by RandomPR
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



