Употребата на сигурносните појаси во Република Македонија за два месеца се зголемила за 14 проценти, најголемо зголемување од 21 отсто се бележи кај совозачите, посочуваат резултатите од анкетата на Републичкиот совет за безбедност во собраќајот на патиштата РСБСП, спроведена од 18 септември до 19 ноември, годинава.
– Резултатите во урбаните средини покажуваат значајни подобрувања, додека пак во руралните и малите места имат помал пораст. Анкетите во малите места покажуваат дека перцепцијата на населението е дека употребата на сигурносниот појас на мали растојанија со мала брзина и за кратко време не е неопходен па затоа се избегнува неговата употреба – истакна на денешната прес-конференција Миле Димитровски претседател на комисијата во РСБСП.
Спротивно на тоа, додава, европските искуства покажуваат дека најважно е користењето на појасот во град, на мали брзини и на куси растојанија.
– Според анкетата, втората перцепција за користење на сигурносниот појас е дека со тоа се исполнува само законската обврска и се избегнува глобата, а спротивно на тоа, употребата на појасот е заради директна лична заштита од потешки повреди на патниците, посебно при малите брзини и во урбаните средини – рече Димитровски.
Најдобри резултати на општинско ниво според РСБСП каде мерењата се повторени на истите места во ист период во денот има во општина Демир Капија и Радовиш, додека најслаби резултати има во Делчево, Кавадарци, Гостивар и Кичево, каде во второто мерење има подобрување. На територијата на Скопје најдобри резултати анкетата покажала во Гази Баба додека најлоши во Бутел.
Според анкетата на РСБСП во која анкетирале 180 деца од четврто одделение во Скопје на прашањето дали твојот родител користи сигурносен појас додека вози, 34 проценти одговориле дека не користат, додека 61 отсто од децата оговориле дека родителите додека возат зборувале на мобилен телефон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Измените во законот стапија на сила: Лицата над 70 ќе треба да ја обновуваат возачката на три години
-
Измени на законот за возачите над 65 години во Македонија
-
Апел од граѓаните до ЈСП: Позанимавајте се со однесувањето на возачите, бидејќи се однесуваат како шерифи!