| четврток, 6 декември 2018 |

Родендени кои ни го менуваат животот

Како што едно поглавје се затвора, а друго се отвора, во природата на човекот е да тргне во нови предизвици, велат истражувачите

rodenden

Една година пред да влеземе во нова декада, 29, 39, 49 вообичаено се запрашуваме што е со нашиот живот и што сме постигнале. Таа деветта година во декадата за многумина е време кога се врти нов лист.

Луѓето тогаш одлучуваат да трчат маратони, да го изневерат партнерот, дури и да си го одземат животот, покажува едно истражување објавено оваа недела.

Како што едно поглавје се затвора, а друго се отвора, во природата на човекот е да тргне во нови предизвици, велат истражувачите.

– Годините 30, 40, 50, влијаат на психата на човекот – вели Хал Хершфилд психолог од Универзитетот во Калифорнија и еден од авторите на студијата.

– Тие звучат поважно од другите. Тие не тераат да застанеме и да размислиме за она што ни се случува и за тоа како сакаме да продолжиме понатаму. Зошто? Бидејќи им даваме преголемо значњер на годините. Таканаречените заокружени бројки се моќен мотиватор – вели Хершфилд.

Тој со колегите прегледал шест студии и ги анализирал психолошките и емоционалните промени кои се случуваат во годините кога луѓето се приближуваат во новата декада на животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top