| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Петрит Бушати, албанскиот амбасадор во Македонија

petrit busati

Почина Петрит Бушати, албанскиот амбасадор во Република Македонија.Тој на оваа должност стапи на 29 мај годинава.

Покрај дипломатското искуство во албанските претставништва во Белград (2002-2006), Стокхолм (1988-1991) и Вашингтон (1997-2001), Петрит Бушати има и 11-годишна новинарска кариера. Тој беше добар познавач на состојбите во соседните земји.
Во понеделник ќе се одржи комеморативна седница и последна почит ќе му биде оддадена во Министертвото за надворешни работи во Тирана. Истиот ден ќе биде и погребот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top