Премиерот Никола Груевски во вестите на „Сител“ ги коментираше најавите на опозицијата и на Зоран Заев, кој изјави дека подготуваат бомба. Наспроти бомбите кои СДСМ ги најавува, Груевски вели дека тие подготуваат позитивна бомба.
– Заев отсекогаш се заканувал. Ние работиме на друг тип на бомби. Еве спремаме една бомба, но позитивна, со која ќе решиме долгогодишен проблем на илјадници луѓе во Македонија. Тоа планираме наскоро да го објавиме. Ние имаме позитивен приод кон решавање на проблемите, кон реформи, кон помагање на луѓето. Тие се заглавени во друга сфера во негативним кампањи, манипулации – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии