| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје марш против абортусот

zeni

Марш по повод Светскиот ден на детето под мотото „Животот за бебињата, не за абортусот“ денеска се одржа во Скопје. Мајки, татковци, дедовци и баби заедно со своите дечиња и внуци му дадоа поддршка на овој марш кој се одвиваше по улицата Македонија, плоштадот Македонија, а заврши кај Порта Македонија, каде се одржа детски музички хепенинг. Организатори се невладините организации „Заштита на правата на детето“, „Лидија срце што чука“, „Додома“ и „Ревита“.

– И оваа година сакамe да го кренеме нашиот глас и да кажеме дека и неродените деца заслужиуваат да живеат и имаат право на живот бидејќи тоа е основното човеково право и треба на секој еден зачеток да му се овозможи светлинтата на денот, истакна Светлана Jованова, директор на Центарот за жени со непланирана бременост „Лидија срце што чука“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top