| четврток, 6 декември 2018 |

Љатиф Пајкоски: Не грижете се за Македонците-Муслимани

ljatif pajkoski

Слушнав дека во средствата за информирање бил објавен текст за Македонците- муслимани и така љубопитен си велам најпосле некој се сетил на нас и решил да напише нешто, па така брзо-брзо да купам весник. На насловната страница гледам дека текстот го пишувал никој друг, туку првиот човек на Исламската верска заедница на еден дрзок и недоличен начин и си велам – види богати, што чудо ќе биде од негова уста да се слушне нешто за оние верници, кои припаѓаат на исламската религија и со свои средства ги финансираат верските службеници, а сѐ по род Македонци, пишува Љатиф Пајкоски, поранешен пратеник во Собранието на Македонија во својата колумна објавена во „Утрински весник“.

Дали причината за ваквиот дрзок однос кон Македонците со исламска религија може да се бара во скорешната одлука на Синодот на МПЦ за воведување на албанскиот јазик во храмовите на МПЦ и опасноста од губење на верници кои поради употребата на албанскиот јазик или не посетувале храмови или посетувале некои други, па сега се возвраќа преку нас, припадниците на македонскиот народ или можеби се реализира сценариото кое го туркаше ПЕИ за однародување на овој дел од македонскиот народ со политички средства. Откако тоа не успеа, сега се активираат верските средства, пишува понатаму Пајкоски во колумната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top