| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ужива најголема доверба кај граѓаните

На прашањето “во кој лидер имате најмногу доверба“, 28,7 отсто од испитаниците го одбрале Груевски, потоа Бранко Црвенковски со скромни 7,7 отсто, Али Ахмети со 7,5 отсто, а потоа следат Мендух Тачи и Руфи Османи со 4,3 односно 1,5 отсто

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски е лидер кој ужива најголема доверба кај граѓаните меѓу лидерите на петте парламентарни партии во земјава. Тоа го покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од  Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот “Мојот избор“.

gruevski-strumica500

 На прашањето “во кој лидер имате најмногу доверба“, 28,7 отсто од испитаниците го одбрале Груевски, потоа Бранко Црвенковски со скромни 7,7 отсто, Али Ахмети со 7,5 отсто, а потоа следат Мендух Тачи и Руфи Османи со 4,3 односно 1,5 отсто.
На истото прашање дури 28,9 отсто се определиле за одговорот “ниту еден“.
 Во однос на веројатноста за излегување на гласање за локалните избори на 24-ти март, 69,2 отсто од граѓаните се сигурни во тоа. Ова е повеќе од претходните три изборни циклуси (63,5 отсто во 2011., 54,6 отсто во 2009. и 49,8 отсто во 2005 година).
На прашањето за која советничка листа ќе гласаат, 25,7 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 13,7 отсто за СДСМ, а потоа следат ДУИ  со 9,7 отсто, ДПА со пет отсто и НДП со 1,6 отсто. Сите други (се појавуваат вкупно 13 субјекти) се со помалку од  еден отсто. Сепак, треба да се има предвид дека на минатите избори другите, вклучувајќи ги и независните,  советнички листи освоиле речиси третина односно 31,8 отсто од гласовите и со тоа – советнички места.
Од политичките партии во земјава, според спроведената анкета, најголем рејтинг има владејачката ВМРО-ДПМНЕ  со 26,6 отсто, СДСМ  со 14,9 отсто, ДУИ  со 9,9 отсто, ДПА со 5,6 отсто и НДП  со 1,5 отсто.
Истражувањето е направено преку телефонска анкета на осми и деветти март оваа година на репрезентативен примерок од 1.095 испитаници со плус минус три отсто грешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top