| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнаа жена и 13-годишно момче од Чаир

Вчера во полициската станица во Чаир беа пријавени за исчезнати две лица.

Прво, околу 13 часот, А.Н. (49) пријавил дека утрото на 20 ноември од дома во непознат правец се оддалечила неговатасопруга Х.С.(1983), која било со нарушено здравје.

Вчера попладне околу 17 часот, И.Р.(1971) од Скопје, пријавил дека истиот ден во 12.45 часот од дома  во непознат правец се оддалечил неговиот син Р.К.(2001).

Се преземаат мерки за пронаоѓање и на двете лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top