„Денешните средношколки“ – уште една контроверзна страница на „Фејсбук“ на која се споделуваат провокативни фотографии од средношколки од целиот Балкан.
На многу од фотографиите, кои се земени од приватние профили на девојчињата, се оставени и лични податоци, со што дополнително се зголемува можноста за нивно малтретирање и злоупотреба.
Поради целата ситуација, масовно се повикуваат читателите да ја пријават оваа страница, за таа да биде избришана од „Фејсбук“.
Тоа што малолетни девојчиња ги споделуваат своите полуголи фотографии на интернет, е една друга поширока тема и проблем за кој мора да се пронајде решение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.