| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени трите настрадани млади лица, возачот бил во алкохолизирана состојба

Пронајдени се телата на тројца од шестте млади лица кои утрово околу 3.45 часот со  автомобил марка БМВ влетаа во Дунав кај населбата Ада Хуја во Белград. 

Во сообраќајката настрадаа две момчиња и девојка на возраст од околу 20 години. Тие останале заробени во автомобилот, а еден од нив од непознати причини се наоѓал во багажникот на возилото.

Од реката успеаја да испливаат останатите две момчиња и една девојка, меѓу кои и 19 годишниот возач, кој е задржан во полиција.

Како што пренесуваат српските медиуми, тој бил под дејство на алкохол и немал возачка дозвола.

Во моментот се извлекува и автомобилот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top