| четврток, 6 декември 2018 |

Реизот Сулејман Реџепи ќе добие кривична пријава

reis dugacka

Сојузот на Македонците со исламска религија ќе поднесе кривична пријава против поглаварот на Исламската верска заедница, реизот Сулејман Реџепи поради навредите што ги искажа во својата колумна кога посочи дека Македонските муслимани се ин-витро нација, измислена од сатанските активности на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Здружението Исмаил Бојда изјави дека оваа фашисоидна изјава не е прва, ниту пак е реткост за верскиот поглавар кој би требало да ги застапува интересите на сите верници со муслиманска вероисповед во државава. Затоа апелираше до верниците да размислат дали човек со ваков вокабулар треба и заслужува да остане на чело на ИВЗ.

Реакции за колумната со говор на омраза на реизот пристигна од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Комисијата за односи со верските заедници и од пратениците во македонскиот парламент кои се Македонски муслимани, како и од целата македонска јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top