Експертите тврдат дека поголем дел од канадските езера, кои се едни од најубавите во светот, полека, но сигурно се претвораат во желе поради сѐ поголемото индустриско загадување, кое им овозможило побрзо размножување на пивтиестите организми за сметка на оние врз база на калциум.
Истражувањето спроведено од Универзитетот „Кембриџ“ покажува дека претворањето на водата во пивтиеста маса доаѓа поради тоа што во услови на големо индустриско загадување се намалува нивото на калциум, па размножувањето на организмите, кои за формирање на својот егзоскелет го црпат калциумот, е многу отежнато.
Научниците стравуваат дека овој процес, кој трае од 80-тите години на минатиот век, би можел во иднина да влијае врз квалитетот на водата за пиење во овој регион.
Освен тоа, постојат сомнежи дека процесот на желатинизација е веќе надвор од контрола и ќе бидат потребни илјадници години нивото на калциум во езерата да се доведе на своето некогашно ниво. Експертите истакнуваат дека виновник за таквата еколошка состојба на езерата е човечкиот фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.