| четврток, 6 декември 2018 |

Mакедонските граѓани најчесто летале за Истанбул и за Виена

avioni

Бројот на патници на македонските аеродроми во октомври бележи зголемување за 19,8 проценти. Според информациите на Министерството за транспорт и за врски, во октомври на аеродромите се евидентирани 109.811 патници, од кои 107.668 на скопскиот „Александар Велики“ што е за 21,1 оттсто повеќе од октомври лани.

Најголемиот дел, односно 15,8 проценти патувале за Истанбул, 8,4 за Виена, 7,9 за Цирих, 5,7 проценти за Лондон, 5,7 проценти за Базел, 5,6 проценти за Малме и за Белград 5,2 проценти.

Од почетокот на годината на двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, се регистрирани вкупно 1.098.636 патници што е за 18,1 отсто повеќе во однос на минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top