| четврток, 6 декември 2018 |

Придонесот за хонорарците ќе ја елиминира нелојалната конкуренција

пари 2

Законските измени што предвидуваат плаќање придонес за хонорарците, а стапуваат во сила од 1 јануари 2015 година, ќе ја елиминираат нелојалната конкуренција меѓу компаниите, но ќе ги поскапат експертските услуги, кои им се секогаш потребни. Стручњаците ќе станат неконкурентни затоа што, практично, ќе претставуваат дополнителен трошок за фирмите, смета бизнис секторот.

Како што изјави денеска извршниот директор на Сојузот на стопанските комори Митко Алексов, товар повеќе ќе биде плаќањето и пензиско и здравстевно осигурување, место само персонален данок како досега за стручњаците или професорите, кои компаниите реално имаат потреба да ги ангажираат во одредени сегменти од работењето.

– Овие законски измени ќе придонесат за елиминирање на нелојалната конкуренција на пазарот затоа што постоеше злоупотреба на вработени со полно работно време што се плаќаа врз основа на договор на дело. Тука законот ќе влијае позитивно. Но, од друга страна, ќе се наметне дополнителен трошок за ангажирање стручњаци, експерти или професори со договор на дело кога навистина компаниите ќе имаат потреба од нив, за извршување одредено авторско дело или договор на дело – рече Алексов, одговорајќи на новинарски прашања по средбата на стопанските комори со вицепремиерот Фатмир Бесими во Секторот за европски прашања.

Според претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи,  кога се воведуваат некои правила, тие треба да важат подеднакво за сите економски фактори во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top